Во изминатите четири години субвенциите за земјоделците од Тетовско надминаа 12 милиони евра. Ова го кажа Зоран Коњановски, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство при вчерашната посета на Тетово и Сараќино, укажувајќи дека субвенциите за земјоделското производство во Тетовско се зголемуваат секоја година. Ако во 2008 година изнесуваа околу 2 милиона евра, само досега во 2012 г. се исплатени околу 4 милиони евра. Вкупно за овие 4 години вредноста на поддршката за тетовските земјоделци ја надминува сумата од 12 милиони евра. Тој го посети и расадникот во Прељубиште, кој зафаќа 430 хектари државно земјиште е вистински пример за успешна странска инвестиција. Во него се вработени 72 лица, а целта на менаџерскиот тим е бројката да достигне 200 вработени.
Во изминатите четири години субвенциите за земјоделците од Тетовско надминаа 12 милиони евра.
Ова го кажа Зоран Коњановски, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство при вчерашната посета на Тетово и Сараќино, укажувајќи дека субвенциите за земјоделското производство во Тетовско се зголемуваат секоја година.
- Ако во 2008 година изнесуваа околу 2 милиона евра, само досега во 2012 г. се исплатени околу 4 милиони евра. Вкупно за овие 4 години вредноста на поддршката за тетовските земјоделци ја надминува сумата од 12 милиони евра - вели Коњановски.
Тој го посети и расадникот во Прељубиште, кој зафаќа 430 хектари државно земјиште е вистински пример за успешна странска инвестиција. Во него се вработени 72 лица, а целта на менаџерскиот тим е бројката да достигне 200 вработени.
- Годинава првпат успеавме да направиме извоз на европските пазари што досега ја достигнува вредноста од 1,5 милиони евра. Надвор од Македонија ќе биде пласирано 95 отсто од производството. Планираме да зголемиме производството на украсни садници и да почнеме со производство на овошни насади. Вклучени сме и во програмата за субвенции на Владата, изјави менаџерот за продажба на Европлантсс Иван Ивановски.